УСЛУГИ
Основна
дејност на МАКАРА АВТОРСКАТА АГЕНЦИЈА е застапување на авторите при
реализација на нивните авторски права во врска со користењето на нивните
дела. Таа ги опфаќа следните активности :
» изработка на авторски договори
» изработка на договори за дело
» доставување фактури за наплата на авторските хонорари -денарски
и девизни за дознаки од странство
» исплата на авторските хонорари на сметките на авторите и уплата на персонален данок во име на авторите
» советодавна улога во врска со прописите за авторско право
и даноците од авторско право
» прибавување авторизациии за објавување на дела на странски
автори во РМ
» трансфер на средствата на автори и носители на авторско право
во странство и обратно
» застапување на авторите пред судовите во РМ
» целокупно администрирање на научноистражувачки и други
проекти, кога нивни носители се физички лица
|
ИЗРАБОТКА
НА АВТОРСКИ ДОГОВОРИ
Видови авторски договори :
» издавачки договор - белетристика,
публицистика, литературен превод, поезија, критика, рецензии,
антологии, фељтони
» договор за работа на научноистражувачки проект
» договор за стручен превод
» договор за користење компјутерска програма
» договор за ликовно дело - слика, скулптура, рељеф, резба,
применета уметност, карикатура, стрип
» договор за користење фотографии
» договор за аудиовизуелно дело ( филм ) - сценарио, режија,
главен снимател, автор на изворно дело, главен аниматор, монтажа
» договор за драмско и драмско-музичко дело - автор на драмски
текст, превод на драмски текст, автор на музика за опера, балет,
автор на либрето, автор на костимографија, кореографија
» изведувачки договор - актери, театарски режисери, пеачи, свирачи,
танчери, балетски уметници
» договор за одржани предавања, беседи
|
ДОГОВОРИ
ЗА ДЕЛО
» изработка
на договори за дело за дела кои не спаѓаат во авторски дела
» доставување фактури за наплата на хонорари -денарски
и девизни за дознаки од странство
» исплата на хонорари на трансакциона сметка на физички лица и уплата на персонален данок во нивно име
» советодавна улога во врска со прописите за приходи од договор за дело и нивно оданочување
» застапување на лица корисници на нашите услуги пред судовите во РМ
|
|
 |